Еве можност да споредите и самите да одлучите – кој хипер-автомобил звучи подобро – екстремниот McLaren P1 GTR или експерименталниот Ferrari FXX K?
P1 GTR има 3.8-литарски турбополнет V8, додека за моќта кај FXX K е задолжен врескачки атмосферски 6.3-литарски V12. Два различни автомобили, со два различни мотори – но иста цел – тотална доминација на тркачките патеки!