Michelin советува: Пет работи кои треба да ги знаете за безбедно да возите и во зима – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Michelin советува: Пет работи кои треба да ги знаете за безбедно да возите и во зима

Решивме во соработка со Michelin да пренесеме неколку сознанија добиени во Michelin Road Usage лабораторијата и да ве советуваме како побезбедно да патувате оваа зима!

Сезоната за носење зимска опрема во вашиот автомобил веќе одамна започна – но дали знаете зошто навистина ви треба зимска опрема, а особено зимските пневматици? Во соработка со нашите пријатели од Мотоцентар ви пренесуваме пет важни податоци кои доаѓаат директно од Road Usage лабораторијата на Michelin!

Факт број 1: Дури 95% од незгодите кои се случуваат во зима се случуваат на патишта каде нема снег!

Тоа значи дека само 5% од незгодите кои се случуваат во зима се случиле на снег, а дури 57% од незгодите се случиле на суви патишта. Главниот фактор се всушност ладните временски услови кои негативно влијаат на пневматиците. Значително се намалуваат прилепувањето и тракцијата кои ги нудат летните пневматици – а тоа може да има многу несакани последици.

Факт број 2: Со користење на зимски пневматици значително се намалува дистанцата потребна за застанување.

Со користење на зимски пневматици наместо летни пневматици во соодветните услови на влажен или мокар коловоз, можете да го намалите растојанието на кочење за четири метри, а доколку кочите на мраз при брзина од само 30 километри на час, растојанието на кочење се намалува за цели 26 метри! Доколку возите на снег со брзина од 50 километри на час – времето потребно за целосно застанување со зимски пневматици во однос на летни пневматици – се намалува на половина!

wintertyres2

Факт број 3: Користењето на зимски пневматици ви овозможува побрзо и побезбедно да се движите на снег.

Со зимски пневматици можете и до три пати побрзо да се движите во услови на снег, но и да се искачите по значително пострмни патишта. Во услови на лабораториско тестирање, летните пневматици „откажуваат послушност“ на нагорнини од само 4%, додека зимските без поголеми проблеми покоруваат нагорнини и од 13%.

wintertyres3

Факт број 4: За најдобро и најбезбедно возење, вашето возило треба да има 4, не само 2 зимски пневматици!

Многу често луѓето мислат дека само два зимски пневматици се доволни – но тоа не е така. Со користење на само два зимски пневматици значително го зголемувате ризикот за нестабилно управување на вашето возило. Професионалците, а и ние препорачуваме да се користат 4 идентични пневматици за најбезбедно управување, но и сопирање!

Факт број 5: Најважен критериум е температурата, а не снегот!

При температури пониски од 7 степени Целзиусови, летните пневматици стануваат потврди и значително понебезбедни. Зимските пневматици ќе ви понудат побезбедно патување, без разлика дали коловозот е сув, влажен или покриен со снег! Значи – ако дневните температури се веќе под 7 степени, време е за зимски пневматици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.