full screen background image
Search

Новогодишно поевтинување – цените на бензините и дизелот се намалуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1, односно 3 денари!

Одлична предновогодишна вест – Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги намали цените на горивата. Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.59 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на бензините се намалуваат за 1 денар, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63.50 денари.

Покрај оние на бензините, се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото, и тоа за три денари. Од вечерва на полноќ, еден литар дизел гориво ќе чини 43.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.