BMW најавува нов концепт за Consumer Electronics Show – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW најавува нов концепт за Consumer Electronics Show

Баварскиот производител најави нов концепт кој ќе го претстави на Consumer Electronics Show следната седмица!

BMW ја објави првата фотографија од новиот концепт кој ќе го претстави следната седмица на CES. Уникатниот концепт ја најавува можната иднина на BMW, гледано од аспект на дизајн на ентериери, но и мултимедијални системи во автомобилот, кои имаат цел подобро да го поврзат возачот со возилото, но и со околината околу него.

 

Баварците најавуваат нови, интуитивни контроли за мултимедијалните, комуниациските и навигациските системи со „воздушни“ гестикулации благодарение на нова технологија која ја нарекуваат AirTouch. Технологијата им овозможува на возачот и патниците да ги контролираат овие системи без воопшто да ги допрат. Технологијата користи сензори кои го следат движењето на рацете во просторот пред централната конзола.

Повеќе информации за Vision Car концептот ќе имаме наскоро – дебито е закажано за CES кој ќе се одржи меѓу 6ти и 9ти Јануари во Лас Вегас.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.