full screen background image
Search

TVR се враќа на сцената – објавија скица од можниот иден модел!

Британскиот производител на несекојдневни – дури би рекле и налудничави – автомобили се враќа на сцената. Луѓето од TVR се сериозни – и тоа го покажуваат со скица која најавува како би можел да изгледа следниот модел.

Според луѓето од TVR, во моментов се прават конечните одлуки околу дизајнот на автомобилот и во игра се неколку различни верзии кои имаат многу ситни разлики. Дополнително, тие најавуваат дека за дизајнирањето на новиот модел ќе користат врвна CAD технологија, но истовремено и класични методи со кои сакаат да ја добијат финалната форма.

Веќе знаеме дека TVR подготвува целосно нов модел кој би требало да се појави на пазарот во 2017, а според најавеното новиот модел ќе понуди врвна завршна обработка, но и одлична аеродинамика, а со тоа и перформанси.

Она што го гледаме на скицата е автомобил кој ги следи класичните пропорции на TVR – долг преден дел, кабина турната кон задниот дел на автомобилот и краток заден дел. Задолжен за придвижување ќе биде V8 мотор развиен од Cosworth, а за шасијата ќе се користи iStream Carbon технологијата на Gordon Murray – човекот кој своевремено го дизајнираше McLaren F1!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.