full screen background image
Search

Bentley EXP 9 F – Супер-луксузен SUV за супер-богатите!

Ако имате навистина многу пари, Bentley е подготвен да ви продаде луксузен SUV со кој ќе можете да возите високо над обичните граѓани и да владеете во стил!

Дизајнот можеби не е по сечиј вкус, но имајте во предвид дека луксузните возила секогаш имаат одредена доза на резервираност и едноставност. Помислете на другите модели на Bentley, или пак на Rolls Royce.

Моделот, кој официјално сеуште се води како концепт, најверојатно наскоро ќе го видиме во сериско производство. Концептот во моментов е придвижуван од големиот 6-литарски W12 со два турбо-полначи, 600 коњски сили и 800 Nm. Сосем доволно господинот да отиде од својата луксузна вила до својата јахта.

Според Bentley, во понудата ќе се најдат и верзии со V8 моторот кој дебитираше во Bentley Continental GT V8, како и верзија со хибриден погон.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.