full screen background image
Search

Ford ќе го прослави 40-тиот роденден на Fiesta со RS модел кој ќе има 245 коњски сили

Следната година e 40-тиот роденден на малата Fiesta, и веќе почнуваат сериозно да земаат замав гласините дека за да го прослави, Синиот Овал ќе претстави Fiesta ST со 240 коњски сили, а можен е и погон на сите четири тркала!

Малата Ford Fiesta ни е еден од омилените автомобили во својата класа – и секогаш сме гладни за поинтересни и помоќни изведби. Изминативе неколку дена започнуваат повторно да се шират гласини дека Ford подготвува специјална верзија со која ќе ја заокружи успешната генерација, но истовремено ќе го прослави и 40-тиот роденден на моделот.

fiesta-rs-sketch2

Според некои извори, Ford ќе понуди Fiesta RS која благодарение на значително доработениот 1.6-литарски турбо-бензинец ќе има на располагање дури 245 коњски сили – скоро исто како поголемиот Focus ST. Дополнително, почнуваат да се јавуваат гласини кои навестуваат дека Fiesta RS ќе ги пренесува сите тие коњски сили кон асфалтот преку погон на сите четири тркала. Сепак, ова нам не ни е премногу веријатно бидејќи Ford не нуди погон на сите четири тркала кај било која друга изведба на Fiesta, а развивање на ваков систем само за многу лимитирана употреба би било премногу скапо.

Без оглед на тоа, купувачите и фановите на Ford можат да очекуваат поагресивен бодикит, големи тркала, моќни сопирачки – и секако – одлични перформанси! Останува да почекаме и да видиме што ќе ни подготви Ford за роденденот на Fiesta!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.