full screen background image
Search

Робустниот Mitsubishi L200 се закити со две награди

Робустното комерцијално возило на Mitsubishi – успешниот L200 се закити со две признанија во Велика Британија!

Mitsubishi L200 освои две одлични признанија во Велика Британија. Првото признание е дел од What Van наградите кои се доделуваат на комерцијални возила – тука L200 ја однесе победата во категоријата за лесно комерцијално возило. На изборот, L200 ги победи своите директни конкуренти благодарение на рафинираноста и економичноста – според Mitsubishi, L200 е до 11% поекономичен од конкуренцијата.

Втората награда која L200 ја освои во Велика Британија е титулата за Пик-Ап на Годината според Auto Express. Признание добија и Ford Ranger и Volkswagen Amarok, но сепак титулата му припадна на L200 – а уредниците на Auto Express ги истакнуваат алуминиумскиот 2.4-литарски турбодизел кој испорачува 180 коњски сили и 420 Nm вртежен момент, но и прецизниот менувач и севкупните перформанси и рафинираноста. Уредниците на Auto Express ги истакнуваат и теренските способности на L200, кои му овозможуваат на овој автомобил да истражува терени кои конкурентите не можат да ги достигнат.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.