full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Нов рекорд – BMW M4 GTS го заврте Nurburgring за 7 минути и 28 секунди!

Баварците се повеќе од сериозни – само неколку недели по рекордот кој дојде од Alfa Romeo, BMW повторно ја презема круната на Nurburgring!

Се заострува битката за рекордот на Nurburgring! Неодамна, Alfa Romeo се пофали со одлично време од 7 минути и 38 секунди, но Баварците не би биле Баварци доколку не одговорат на фрлената ракавица – и токму тоа се случи!

BMW го однесе својот M4 GTS на Nurburgring и објави видео на кое гледаме како автомобилот поставува застрашувачки добро време – 7:27.88! Тоа е 10 секунди побрзо од минатиот рекорд – и навистина одлично постигнување! Всушност, времето на M4 GTS е многу слично со времињата поставени од Porsche Carrera RS, Ferrari 458 Italia и McLaren MP4-12C – чисто да знаеме со каква конкуренција се бори M4 GTS!

Сепак, M4 GTS е автомобил направен за тркачките патеки, па не е ни чудно што постави толку добро време. Има само две седишта, сите „нормални“ додатоци (клима уред, радио, итн) се извадени за да се намали тежината, а моторот е навиен да испорачува 500 коњски сили и 600 Nm вртежен момент! Погледнете како изгледаше кругот на BMW!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.