full screen background image
Search

Нешто навистина кул – Lexus NX на тркала направени од мраз!

Еве нешто навистина несекојдневно – дури навистина кул! Lexus претстави тркала и гуми од мраз за ултра-авантгардниот NX кросовер!

Од одделот за маркетинг на Lexus доаѓа нешто свежо – кросоверот NX е поставен на тркала направен од мраз. Со цел да го прикаже високото ниво на мајсторство кое се користи за произведување на возилата, Lexus целосно замрзна еден NX и го чуваше на минус 30 степени цели пет дена. Според Lexus, моторот на возилото бил стартуван на првиот обид – без никакви проблеми!

lexus-nx-ice2

Процесот на правење тркала од мраз траел цели три месеци, и тој период бил посветен на истражување, дизајнирање и тестирање. Тркалата се дело на Hamilton Ice Sculptors, а изработени се со ласерско скенирање на оригиналните тркала и изработка која вклучува додавање на акрилни додатоци за да можат да ја издржат тежината на возилото. Погледнете повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.