Новиот SUV на Škoda најверојатно ќе се вика Kodiak – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот SUV на Škoda најверојатно ќе се вика Kodiak

Kodiak е името на еден вид на мечка, а според познавачите новиот SUV на Skoda кој ќе се нуди со пет или седум седишта ќе се вика токму така!

Чешкиот производител кој е дел од Volkswagen групацијата планира наскоро да ја прошири својата гама со нов, поголем SUV. Бидејќи Yeti се покажа како успешен и популарен автомобил, челниците на Škoda одлучија дека е време да ја прошират понудата со SUV базиран на MQB платформата кој технолошки ќе биде многу близок со веќе-претставениот Volkswagen Tiguan од втората генерација.

Новиот Kodiak ќе се нуди со пет или седум седишта, и секако со можност за многу различни погонски единици. Не се исклучува ниту можноста за понудување на хибридна варијанта кој сигурно ќе биде интересна за пристапниците на овие технологии. Се шпекулира дека хибридниот модел како основа ќе користи 1.4-литарски TSI турбо-бензинец, а просечната потрошувачка би требало да биде околу 2 литри на 100 изминати  километри. Интересен податок е наводната амбиција на Skoda да го димензионира Kodiak „еден број погоре“ од Tiguan и да го стави во конкуренција со поголеми модели.

Инаку, досега се шпекулираше дека новиот SUV на Škoda ќе се вика Polar или Snowman, но по сè изгледа дека чешкиот производител се одлучи за името Kodiak. Името потекнува од еден вид на кафена мечка, и според нас сосем добро би му одговарала на новиот автомобил! Моделот е веќе во поодмината фаза на тестирање и премиерата ќе се случи во текот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.