full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поевтинуваат по еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва на полноќ да ги намали цените на горивата за еден денар.

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.2%. Тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат по еден денар.

Еден литар од овие горива ќе чини 62.00 денари, 64.00 денари и 49.50 денари, соодветно. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.