Дискретно освежената SEAT Ibiza носи нови мотори и нови технологии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дискретно освежената SEAT Ibiza носи нови мотори и нови технологии!

На саемот за автомобили во Барселона SEAT ја претстави освежената Ibiza, која покрај дискретните визуелни измени доаѓа со нова гама мотори и со нови технологии!

Визуелните измени воглавно се концентрирани околу новите предни светлосни групи со LED дневни светла, нови дизајни за алуминиумските фелни и две нови бои – Moonstone Grey и Chilli Red. Ќе се нудат нови Colour пакети со можности за персонализација – може да се избере боја на рамката на маската на ладилникот, на надворешните ретровизори, на рамките на отворите за вентилација, итн.

Основниот мотор кој ќе се нуди е 1-литарскиот три-цилиндерски бензинец со 75 коњски сили (кој веќе добро го знаеме од Volkswagen Up и Polo), a чекор погоре на скалилото се 1.2-литарските TSI мотори со 95 или 110 коњски сили. Секако, тука е и четири-цилиндерскиот 1.4 TSI со деактивација на цилиндри кој нуди 150 коњски сили и 250 Nm, кој според официјалната спецификација би требало да троши само 4.8 литри на 100 километри. Во понудата ќе се најде и 1.0 TSI Ecomotive кој има 95 коњски сили и троши само 4.1 литар гориво на 100 километри, а има емисија на штетни гасови од 94 грама CO2 на изминат километар.

За оние кои ја ценат економичноста на дизел моторите, тука е 1.4-литарскиот TDI со 75 коњски сили кој ветува потрошувачка од 3.4 литри на 100 километри, а ќе се нуди и 1.6-литарски TDI со 90 или 105 коњски сили. Сите мотори се нудат со мануелен менувач и ги задоволуваат EU6 нормите. Бензинскиот TSI со 110 коњски сили и турбодизелот со 90 коњски сили можат да се комбинираат и со DSG менувач.

Освежената Ibiza го добива новиот Easy Connect мултимедијален систем од втората генерација со touchscreen контроли, подобрен систем за навигација, а уредот нуди и MirrorLink технологија за целосно поврзување и интегрирање на мобилен телефон во мултимедијалниот уред.

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.