Легендата живее – Mercedes-Benz подготви освежување за G-Class! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Легендата живее – Mercedes-Benz подготви освежување за G-Class!

Големата G-Class на Mercedes-Benz ги надживеа сите конкуренти и очекувања – а германскиот производител подготви прилично големо освежување за новата моделска година!

G-Class за прв пат се појави во цивилна верзија во 1979-тата година, и дизајнот е воглавно неизменет од тогаш. Да, има ваму и таму има ситни затегнувања, но „коцкастиот“ дизајн, правите агли и традиционалните пропорции останаа непроменети. Таква е приказната и со најновиот фејслифт на G-Class, но главните измени овој пат се под кожата.

Најголемата новост е воведувањето на 4-литарскиот би-турбо V8 од AMG GT и C63 AMG – моторот испорачува 422 коњски сили и 610 Nm вртежен момент – сосема доволно за робустниот теренец да стигне до 100 километри на час за само 5.9 секунди. Знаменосецот, големиот G63 AMG добива мало зголемување на моќноста и сега има на располагање 571 коњска сила и 760 Nm вртежен момент од 5.5-литарскиот V8 – доволно за бенчмаркот од 100 километри на час да биде постигнат за 5.4 секунди.

Доколку сакате да одите чекор понатаму, тука е G65 AMG кој носи 6-литарски V12, кој сега ви става на располагање 630 коњски сили и 1000 (!!) Nm вртежен момент. Со оваа верзија, 100 километри на час се постигнуваат за 5.3 секунди, а доколку планирате семејната викендичка да ја преместите од една планина на друга – вртежниот момент ви стои на располагање.

За оние кои се колку-толку втемелени во реалноста, тука е G350d кој има на располагање 245 коњски сили и 600 Nm вртежен момент благодарение на 3-литарскиот V6 турбодизел.

Поврзано:   Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350

Инженерите од Mercedes-Benz посветиле малку внимание и на суспензијата на G-Class, па сега има нови амортизери за подобрена контрола и зголемен комфор. G500 добива и нов адаптивен систем за суспензијата со Sport и Comfort режими на работа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.