full screen background image
Search

Peugeot го претстави виртуелниот Vision Gran Turismo!

Сопствениците на Gran Turismo 6 ќе имаат уште еден екстремен автомобил во својот виртуелен арсенал – Peugeot Vision Gran Turismo!

Концептниот супер-автомобил кој Peugeot го најавуваше во изминатиот период е развиен за Gran Turismo 6, и ќе им биде достапен на возачите во блиската иднина. Хипер-модерниот дизајн е само висок само 1.04 метри и според креаторите „нема аеродинамични компоненти бидејќи формата на каросеријата е доволна да го прилепи автомобилот до подлогата!“

Силата доаѓа од 3.2-литарски турбо-полнет V6 бензинец кој испорачува 875 коњски сили, а се пренесува кон сите четири тркала преку 6-степен мануелен менувач. Автомобилот тежи само 875 килограми и има идеален 1:1 однос на моќта и тежината. Концептот е поставен на 22-инчни предни, и 23-инчни задни тркала, а за запирањето се задолжени Brembo вентилирани карбонски сопирачки со дијаметар од 380 милиметри напред, и 337 милиметри позади. На концептот му се потребни само 1.73 секунди за да постигне 100 километри на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.