Beetle-mania во Њу Јорк! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Beetle-mania во Њу Јорк!

За време на Саемот на Автомобили во Њу Јорк, Volkswagen претстави четири ексклузивни изведби на популарната Буба!

Volkswagen го прошири семејството на моделот Буба и понуди четири нови варијанти на прекрасниот автомобил. Првиот концепт е во сина боја – Beetle Denim (џинс) – бојата на каросеријата е „Stonewashed“ сина металик и треба да изгледа како избледени фармерки, а мекиот покрив обоен во темно сина боја со специјален материјал оддава впечаток токму на светски-популарните панталони.

beetle-nyc-front

Концепт возилото Beetle Wave во „Habanero“ портокалова металик боја го изразува американскиот дух преку песочните плажи на источниот и западниот брег на САД. Овој дух се пренесува и во внатрешноста на кабриолетот. Дизајнот на материјалот во средината на седиштата е од 1950-тите и 60-тите години, во внатрешноста има е елементи од вистински дрво кое потсетуваат на традиционалната даска за сурфање.

beetle-nyc-rear

Оние кои се во потрага по нешто посебно, ќе се пронајдат во новата Beetle Pink. Тоа е автомобил за луѓето од целиот свет кои имаат изграден стил. Розовите додатоци можат да се најдат во најлуксузните куќи на Менхетен како и во други големи градови низ светот. Бојата е во контраст со надворешните и внатрешните елементи кои се обоени во црно, хромирани или се направени од алуминиум.

Конечно, (нашиот омилен) Beetle R-Line Concept1, од друга страна, јасно го изразува автомобилскиот спортски дух. Овој модел има 2-литарски TSI моторот кој испорачува 220 КС и целосно е во склад со спортскиот дизајн на автомобилот. Beetle R-Line Concept1, има „Oryx“ бела боја со бисерен ефект, но има и контрастни браници, странични лајсни и спојлер кои се обоени во високо сјајна црна боја. Севкупниот спортски впечаток на автомобилот продолжува и во внатрешноста преку спортските седишта и карбонските детали.

Поврзано:  Volkswagen ќе инвестира до 5 милијарди долари во Rivian


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.