full screen background image
Search

Цените на бензините остануваат непроменети, дизелот поевтинува за 0.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави стар0-новите цени на горивата, и освен малото поевтинување на дизелот, тие остануваат непроменети.

Согласно методологијата за пресметка на цените на РКЕ, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.5% – а тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти – и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 67.50, односно 69.50 денари. Единствено се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото, но за само 0.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе чини 53.00 денари.

Измените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.