Можеби борбата не е баш најизедначена, но сепак е интересно да се види како овие два супер-спортски автомобили ќе се справат еден со друг на драг-патеката!
Porsche Carrera GTS има на располагање 430 коњски сили од 6-цилиндерскиот боксер мотор, додека жолтиот AMG GT S под поклопецот крие битурбо V8 со зафатнина од 4 литри и моќност од 510 коњски сили. Од другата страна, црвеното 911 тежи 80 килограми помалку од спортското купе на Mercedes-AMG.
Што мислите, кој ќе стигне прв на целта?