Citroën го претстави новиот Aircross концепт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën го претстави новиот Aircross концепт!

Францускиот бренд продолжува со својата ренесанса, а најновиот концепт кој без соменение ќе го привлече вниманието на публиката е токму Aircross концептот!

Со Aircross, Citroën ги истакнува интернационалните амбиции на брендот бидејќи ова е концепт и каросериска изведба кој е наменет да се продава низ целиот свет. Секако, Citroën не би бил Citroën доколку автомобилот не е со уникатен карактер – па изведен врз линиите на C4 Cactus, дизајнот и ентериерот јасно изразуваат чувство на модерност. Дополнително, според Citroën, новиот Aircross во својот дизајн ги истакнува функционалноста и аеродинамичноста.

citroen-aircross-interior

Ентериерот на Aircross е „покана за патување“ – кабината веднаш нуди чувство на комфор и позитивна енергија. Сите детали во ентериерот се дизајнирани да обезбедат физички и ментален комфор, а тоа дополнително се постигнува со комбинацијата на топли материјали и живи бои. Патниците можат да изберат меѓу заедничко или индивидуално искуство додека патуваат, благодарение на двата големи, 12-инчни екрани со висока резолуција, од кои едниот е мобилен и може да се подава меѓу патниците.

citroen-aircross-rear

Секое седиште има микрофон и звучници за полесна комуникација меѓу патниците, а технолошката напредност на концептот е дополнително истакната благодарение на Plug-In хибридниот погон кој комбинира одлична ефикасност и исклучителна економичност. Погонот комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец со 218 коњски сили на предната оска и електромотор со 95 коњски сили на задната – и автономија на електричен погон од 50 километри. Според официјалните податоци, 100 километри на час пристигнуваат за 4.5 секунди, а просечната потрошувачка изнесува само 1.7 литри гориво на 100 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.