full screen background image
Search

Наречете го било како освен сладок – Opel го претстави Adam Rocks S!

Opel го претстави најробустниот Adam досега – Adam Rocks S доаѓа со 150 коњски сили и ветува спортски перформанси!

Веќе знаеме за Opel Adam Rocks – „теренската“ изведба на малиот Adam. Сега луѓето од Риселхајм му даваат дополнително зајакнување на моделот во форма на Rocks S. Ознакатa S се должи на 1.4-литарскиот турбо-бензинец кој се крие под поклопецот на моторот и испорачува 150 коњски сили и 220 Nm вртежен момент. Благодарение на овој мотор, на Adam Rocks S му се потребни 8.5 секунди да стигне „до стотка“ и постигнува максимална брзина од 210 километри на час.

Дополнително, инженерите од Opel се горди и на потрошувачката, која според официјалните податоци изнесува само 5.9 литри на 100 изминати километри. Покрај помоќниот мотор, Adam Rocks S добива 15 милиметри пониска суспензија од обичниот Adam Rocks, подобрени кочници и можност за деактивација на ESP системот за стабилност.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.