full screen background image
Search

Volkswagen го претстави новото Caddy комерцијално возило!

Германскиот производител ја претстави новата, четврта генерација на популарното комерцијално возило кое покрај бизнис-намената одлично се снаоѓа и како фамилијарно возило!

Иако на прв поглед нема многу измени, сепак се забележуваат затегнатите и модернизирани линии кои се во тек со она што е моменталната дизајнерска филозофија на Volkswagen. Нови се предните и задните светла, браниците, предната маска и уште многу детали. Позначителни се измените во внатрешноста, каде станува достапна нова централна конзола со нови отвори за воздух, нови инструменти и централно поставен мултимедијален уред.

Volkswagen Caddy ќе се нуди со четири TDI мотори кои овој пат имаат зафатнина од 2 литри, но моќност од 75 до 150 коњски сили. Шампион во економичноста е товарниот Caddy Blue Motion кој троши помалку од 4 литри на 100 километри. Ќе се нудат и три бензински мотори – 1-литарскиот TSI со три цилиндри и 102 коњски сили, 1.2-литарскиот TSI со 84 коњски сили и 1.4-литарскиот TSI со 125 коњски сили. Volkswagen ќе нуди и 1.4-литарски TGI мотор кој го заменува EcoFuel моделот и користи природен гас.

Интересен е адаптивниот темпомат (Adaptive Cruise Control – ACC) кој ќе се вградува и кај верзиите со мануелен, и кај оние со DSG менвуач – овој систем е активен при брзини од 30-160 километри на час кај моделите со мануелен менувач, или од 0-160 кај оние со DSG и може во услови на градско возење по потреба целосно да го запре возилото.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.