full screen background image
Search

Volkswagen го претстави Golf R Variant – компактен караван со 300 коњски сили!

Ако некој за момент помисли дека Германците се здодевни, еве го доказот дека на моменти знаат да бидат налудничави – Volkswagen претстави Golf во караванска изведба со погон на сите четири тркала и 300 коњски сили!

Под поклопецот се крие истиот 2-литарски турбо-бензински четири-цилиндерски бензинец со 300 коњски сили и 380 Nm од обичниот Golf R. Сепак, Golf R Variant е за нијанса поспор од својот „нормален“ брат – 100 километри доаѓаат за 5.1 секунда – 0.2 секунди подолго. Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку перманентниот 4Motion погон на сите четири тркала преку DSG менувачот со 7 степени.

Golf R Variant е 20 милиметри поблиску од подлогата од обичен Golf и има ESC Sport систем за контрола на стабилноста кој може да се деактивира. Купувачите можат да нарачаат и адаптивна суспензија. Стајлингот е сличен како кај Golf R, односно скоро идентичен. Задниот дел добива нови завршетоци на издувниот систем, сјајно-црн заден дифузер, а автомобилот е на 18-инчни алуминиумски тркала.

Продажбата започнува следната пролет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.