Peugeot се подготвува за Dakar, го покажа финалниот 2008 DKR! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot се подготвува за Dakar, го покажа финалниот 2008 DKR!

На помалку од два месеци пред почетокот на следното Дакар рели, францускиот производител го претстави финалниот и официјален 2008 DKR – возилото со кое се надеваат дека ќе дојдат до победа!

По неколку месеци обвиено во црна боја, 2008 DKR конечно го доби својот финален изглед – а тоа е значително потркачка комбинација од сина, бела и црвена боја и логото на главниот спонзор – Red Bull – на вратите. Според Stephane Peterhansel, возачот на Peugeot, белата боја околу возачката кабина е одличен начин да се заштитат од високите температури.

peugeot-2008-dkr-drivers

Како дел од подготовките за исцрпното рели, Peugeot 2008 DKR помина илјадници километри во Мароко во изминатите месеци, со охрабрувачки резултати. Според Bruno Famin, директорот на Peugeot Sport, резултатите покажуваат дека техничкиот концепт е добро основан, но дека треба да се остане претпазлив. Иако имаат големи амбиции, сепак ќе го дочекаат предизвикот со голема доза на скромност и понизност.

peugeot-2008-dkr-bull

Како и секогаш, Dakar релито ќе започне неколку дена по новата година. Оваа година ќе се вози од Аргентина, низ Боливија и ќе заврши во Чиле, а натпреварувачите ќе поминат по околу 8500 километри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.