full screen background image
Search

Ford го претстави новиот Mustang GT 350 со преку 500 коњски сили!

Синиот овал ја претстави првата фабрички-дотерана верзија на новиот Mustang во форма на GT 350 и најавува дека овој модел ќе биде комфорен на улиците, но всушност ќе биде дома на тркачките патеки!

Најважниот детал е токму 5.2-литарскиот атмосферски V8 бензинец кој испорачува „преку 500 коњски сили“ и максимален вртежен момент од преку 540 Nm! Силата се пренесува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач и Torsen диференцијал со ограничено пролизгување. Суспензијата е изведена преку MagnerRide амортизери кои конинуирано се контролираат од страна на компјутерот на автомобилот. Веднаш се забележуваат и агресивниот бодикит, но и големите сопирачки.

За сопирање се задолжени големи дискови – на предните тркала се монтирани 394-милиметарски дискови на кои работат Brembo клешки со шест клипови. На задната оска се поставени 380-милиметарски дискови, исто така со Brembo клешти. GT 350 е поставен на 19-инчни алуминиумски тркала обвиени во Michelin Pilot Super Sport гуми.

Дебито е закажано за саемот на автомобили во Лос Анџелес.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.