full screen background image
Search

Објавени моторите за европските верзии на новите Mazda 2 и MX-5

Малиот урбан шампион на Mazda се закити со наградата за автомобил на годината во Јапонија, а неодамна се објавени и моторите кои ќе ги придвижуваат европските верзии на Mazda 2 и MX-5!

Малата Mazda 2 ја освои престижната награда за Автомобил на Годината на домашниот, Јапонски пазар. Mazda 2 го зема првото место од новата C-Class за само 19 бодови! На третото место се најде i3 на BMW.

Неодамна беа објавени и моторите кои ќе се вградуваат во новите Mazda 2 и MX-5. Малата Mazda 2 ќе добие вкупно четири мотори, и тоа три бензинци и еден турбодизел, а сите мотори се со Skyactiv технологија. Понудата на бензинци ќе ја сочинуваат Skyactiv-G моторите кои сите се со зафатнина од 1.5 литри, но ќе се нудат три верзии – првата со 75 коњски сили и 135 Nm, втората со 90 коњски сили и148 Nm и третата со 115 коњски сили и 148 Nm вртежен момент. Последната верзија ќе биде опремена со i-ELOOP технологијата на Mazda за регенеративно кочење која повторно ја искористува кинетичката енергија на автомобилот за да ги напојува електричните системи на автомобилот. Благодарение на оваа технологија се остварува заштеда на гориво од 5 проценти.

За љубителите на дизелот, во Mazda 2 ќе се вградува 1.5-литарскиот Skyactiv-D турбодизел кој нуди 105 коњски сили и забележителни 220 Nm вртежен момент. Ова е најштедливиот мотор во понудата и ќе троши само 3.4 литри гориво на 100 километри.

mazda-mx-5

Спортскиот роудстер – MX-5 – исто така ќе добие 1.5-литарски Skyactiv-G бензинец, но сега за сега сè уште не се потвредни официјалните детали околу моторот. Се очекува тој да испорачува околу 125 коњски сили и над 145 Nm вртежен момент. По некое време, во понудата најверојатно ќе се најде и 2-литарскиот Skyactiv-G бензинец кој се вградува во Mazda 3, каде што во најмоќната верзија испорачува околу 160 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.