full screen background image
Search

Audi најавува нов знаменосец со А9 концепт кој ќе го претстави во Лос Анџелес

Германскиот производител на премиум автомобили најавува нов концепт кој ќе го претстави следниот месец во Лос Анџелес и кој треба да го претстави новиот дизајнерски јазик на брендот!

Првата фотографија од концептот кој ќе биде претставен следниот месец на саемот на автомобили во Лос Анџелес се појави на интернет. Гласините кои најавуваа нов знаменосец на Audi се покажаа како вистинити – концептот ќе биде своевидна најава за новиот А9 кој ќе биде на врвот на понудата на Audi, но истовремено ќе биде најава и за новиот дизајнерски јазик на брендот. Audi е честа мета на критичарите кои кажуваат дека автомобилите на брендот премногу наликуваат еден на друг.

Концептот е дизајниран во стајлинг центарот на Audi во Инголштад под водството на новиот главен дизајнер на брендот – Marc Lichte – кој беше назначен на позицијата во Февруари. Во интервју за Auto & Design, Lichte изјави дека стајлингот на концептот го истакнува спортскиот карактер на Audi и ќе биде имплементиран во следните автомобили кои ќе дојдат со еволуирана предна маска на ладилникот. Новите модели ќе бидат веднаш препознатливи како Audi, но ќе имаат дизајн кој е повеќе „скулптурен“, со едноставни и чисти линии кои ги истакнуваат перформансите.

Сериската верзија би требало да се појави во 2017-та година, поставена на MLB Evo платформата. Најверојатно ќе се појави и S9 верзија која ќе носи 4-литарски твин турбо V8 бензинец со околу 600 коњски сили. Концептот ќе биде претставен на 18ти Ноември, на почетокот на Los Angeles Auto Show.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.