full screen background image
Search

Галерија на денот: Дополнителна доза адреналин од Бузет!

Личниот фотограф на Европскиот Шампион Игор Стефановски – младиот Стефан Тренковски објави прекрасна галерија која содржи мал дел од многубројните возила кои учествуваа на автомобилската трка во Бузет, Хрватска.

И покрај тоа што ние веќе ви пренесовме дел од атмосферата, чувствуваме дека тоа не беше доволно за правилно да се доживее тој хепенинг – а како што може да се види на фотографиите, талентираниот Стефан успеал буквално да ја улови брзината и акцијата на некои од поинтересните учесници. Тој се занимава со фотографија околу 6 години, а за повеќе негови фотографии можете да го посетите и следите на неговиот Flickr профил.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.