Fiat 500X конечно претставен во Париз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat 500X конечно претставен во Париз!

Малиот кросовер на Fiat конечно го имаше своето деби на автомобилскиот саем во Париз, а ќе се продава во преку 100 светски земји!

500X ќе се придружи кон 500 фамилијата, и ќе се најде покрај самиот Fiat 500, но и 500L и 500L Trekking. Ќе се продава во преку 100 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави. Благодарение на компонентите кои ги дели со малиот Jeep Renegate, 500Х би требало да понуди повеќе од задоволителни перформанси надвор од асфалтот, но сепак ќе треба да причекаме малку за да се увериме во тоа.

fiat-500x-interior

Автомобилот ќе се нуди во две варијанти – едната е поурбана и поделикатна, додека другата е наменета за оние со авантуристички дух и има повеќе заштитни панели па изгледа поробустно. Долг 4.25 метри, широк 1.8 метри и висок 1.6 метри, 500Х ќе понуди доволно простор за возач и тројца патници, а тие ќе имаат на располоагање 330 литри багажен простор.

fiat-500x-rearside

Купувачите во Европа ќе имаат на располоагање 1.4-литарски Turbo MultiAir II бензинец со 140 коњски сили со погон на предните тркала и 6-степен мануелен менувач, како и 1.6-литарски MultiЈet II турбодизел со 120 коњски сили, со погон на предните тркала и 6-степен мануелен менувал. На врвот на понудата е 2-литарскиот MultiJet II турбодизел со 140 коњски сили, 9-степен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

fiat-500x-side

Понатаму понудата на мотори ќе биде проширена со 1.6-литарски E-TorQ со 110 коњски сили, 1.4-литарски MultiAir II турбо-бензинец со 170 коњски сили, 9-степен автоматик и погон на сите четири тркала, како и 184-коњскиот 2.4-литарски TigerShark бензинец со 9-степен менувач и (погодувате) погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.