full screen background image
Search

Volkswagen го претстави XL Sport; носи V2 мотор од Ducatti!

Спортската визија базирана на ултра-лесниот и економичен XL1, XL Sport наместо малиот дизел мотор со 57 коњски сили сега носи дво-цилиндерски мотор од Ducatti кој испорачува 200 коњски сили на врескачки 11.000 вртежи!

XL Sport е визија за тоа како би можел да изгледа спортски, но и економичен автомобил на иднината. Сега за сега нема официјални информации за потрошувачката, но знаеме дека наместо 0.8-литарскиот двоцилиндерски турбодизел XL Sport носи V2 мотор од Ducatti 1199 Superleggera со зафатнина од 1.2 литри кој испорачува 200 коњски сили и се врти до 11.000 вртежи!

volkswagen-xl-sport-side-doors

Автомобилот ја пренесува силата кон задните тркала преку 7-степен DSG менувач. На концептот му се потребни 5.7 секунди да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е 270 километри на час. XL Sport е подолг и поширок од XL1, а голем дел од панелите се изработени од CFRP (полимер зајакнат со карбонски влакна). Каросеријата е долга 4291 милиметар, широка 1847 милиметри и висока 1152 милиметри. Коефициентот за отпор на воздух изнесува 0.258.

volkswagen-xl-sport-interior

Покрај екстериерот, изменет е и ентериерот се забележуваат многу уникатни детали – како што се дигиталните инструменти и разни делови од карбонски влакна. Volkswagen не објави дали планира да го пушти XL Sport во сериско производство, но интересно е да се види во која насока би можела да се движи соработката меѓу Volkswagen и Ducatti – бренд кој пред извесно време стана дел од портфолиото на Volkswagen Audi Group.

volkswagen-xl-sport-front

volkswagen-xl-sport-side-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.