Bentley Mulsanne Speed – 305 километри на час во 2.7 тони луксуз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bentley Mulsanne Speed – 305 километри на час во 2.7 тони луксуз!

Што добивате кога во огромен луксузен автомобил кој тежи 2.7 тони ќе ставите твин-турбо V8 со 530 коњски сили и 1100 Nm? Добивате Bentley Mulsanne Speed!

6.75-литарскиот (кој според Bentley би требало да го изговорите шест и три-четвртинскиот) твин-турбо V8 испорачува 530 коњски сили, но и застрашувачки 1100 Nm вртежен момент. Благодарение на овој мотор со кој најверојатно се поместуваат и планини, големиот и тежок Mulsanne Speed забрзува до 100 километри на час за 4.9 секунди и постигнува максимални 305 километри на час.

bentley-mulsanne-speed-rear

Новиот Mulsanne Speed е 13 проценти поекономичен во однос на стандардниот Mulsanne, а автономијата на возење е зголемена за 80 километри. Комбинираната официјална потрошувачка изнесува 14.6 литри, но да бидеме сериозни, не е ништо помала од двојно од таа бројка. Mulsanne Speed добива и адаптивна спортска суспензија со неколку режими на работа. Спортскиот режим на работа ја зацврстува воздушната суспензија и го нагодува управувачот да нуди повеќе фидбек и прецизност.

bentley-mulsanne-speed-frontseats

Визуелно, нема големи разлики меѓу стандардниот Mulsanne и моделот Speed. Затемнета е предната решетка, отворите во браникот и отворите на крилата. Предните и задните светла се исто така дискретно затемнети. Ентериерот добиа нови бои и материјали, како и детали од карбонски влакна, а стандардно се вклучени и сите додатоци од Mulliner Driving Specification. Ќе се нудат и четири нов бои – Spectre, Candy Red, Camel и Marlin.

bentley-mulsanne-speed-rearseats



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.