Расте фамилијата на Audi TT – претставен TT Sportback Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Расте фамилијата на Audi TT – претставен TT Sportback Concept!

Audi во Париз го претстави несекојдневниот концепт кој најверојатно ќе оди во сериско производство и ќе ја прошири фамилијата на спортското купе!

Концептот кој се вика TT Sportback е сличен по димензии како Audi A3 во седан изведба – автомобилот е долг 4.47 метри, широк 1.89 метри и висок 1.38 метри, а меѓуоскиното растојание е 2.63 метри. TT Sportback го користи истиот панел за инструменти како и сериското Audi TT, а главната разлика се задните седишта – сега се две индивидуални, но целосни и комфорни задни седишта.

audi-tt-sportback-siderear

Концептот е базиран на MQB платформата, но е придвижуван од нов 2-литарски турбо бензинец кој испорачува 400 коњски сили и 450 Nm вртежен момент помеѓу 2400 и 6000 вртежи во минута. Силата се пренесува кон сите четири тркала благодарение на Quattro погонот, а за менување на брзините е задолжен S-tronic менувачот со двојна спојка. Благодарение на сето ова, 100 километри на час се достигнуваат за само 3.8 секунди, а нема детали за максималната брзина. Според Audi, просечната потрошувачка е само 7 литри на 100 километри а емисијата на CO2 е 162 грама на изминат километар.

Прашањето кое сега се поставува е дали Audi ќе го пушти TT Sportback во сериско производство. Со оглед на тоа дека компонентите се помалку или повеќе веќе достапни, останува да се процени реакцијата на светските медиуми и потенцијалните купувачи. Audi веќе планира кросовер базиран на Audi TT, па ќе биде интересно да видиме дали TT фамилијата ќе порасне на вкупно три членови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.