full screen background image
Search

Nissan го најавува спортскиот Pulsar со NISMO концепт!

Nissan сака да го доближи новиот Puslar поблиску до оние кои сакаат спортско возење, а еден од начините е да понуди спортска Nismo варијанта на автомобилот!

Иако сега за сега нема никакви информации за тоа што ќе го придвижува Pulsar, можеме да претпоставиме дека под поклопецот ќе се најде 1.6-литарскиот DIG-T турбо-бензинец кој веќе се нуди кај Juke Nismo и Nismo RS и нуди 200 или 218 коњски сили.

nissan-pulsar-nismo-concept-rear

Сепак, она што можеме да го видиме од фотографиите е дека луѓето од Nismo вистински поработеле на компактниот Pulsar. Новите браници му даваат на автомобилот поагресивен и поспортски изглед, а тука се и страничните прагови, сатенската сива бооја, црвените детали, како и големите 19-инчни тркала обвиени во 235/35 R19 пневматици и пониската, потврда суспензија.

nissan-pulsar-nismo-concept-side

Во внатрешноста доминираат спортските седишта, црвениот мерач на вртежи и спортскиот волан. Сликата ја заокружуваат алуминиумските педали. Pulsar треба наскоро да стигне и кај нас, а доколку спортската верзија оди во сериско производство, би ја очекувале на пазарот некаде кон средината на следната година.

nissan-pulsar-nismo-concept-interior



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.