full screen background image
Search

Honda го претстави фејслифтираниот Civic, ќе нуди и Civic Sport!

Јапонскиот производител го откри фејслифтираниот Civic за Европскиот пазар, неколку дена пред неговото официјално деби на Саемот на Автомобили во Париз.

Веднаш е воочлив новиот преден браник, како и рестилизираните предни светла со интегрирани дневни светла. Хечбекот добива нов заден браник и редизајнирани странични прагови, како и црн заден спојлер и LED задни светла. Измените во ентериерот се ограничени, но има нови материјали во внатрешноста, како и нов Honda Connect систем за забава и информации. Системот користи 7-инчен дисплеј чувствителен на допир, а во него е интегриран Android оперативниот систем.

Поинтересен е Civic Sport кој нуди поспортски преден браник, нови мрежи на ладилникот, како и ексклузивни 17-инчни тркала. Моделот ќе се нуди со 1.6-литарскиот турбодизел со 120 коњски сили, или пак со 1.8-литарскиот атмоферски бензинец кој нуди 142 коњски сили. Сега за сега нема најава за тоа кога ќе се појават во понудата новите турбо-бензински мотори на Honda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.