Први официјални фотографии од новата Škoda Fabia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новата Škoda Fabia!

По неколкуте „тизери,“ денес Škoda ги објави првите фотографии од новата Fabia, а Jozef Kaban, одговорниот за дизајн на Škoda зборува за дизајнерските одлуки применети кај новиот автомобил!

Според Kaban, со концептот VisionC се демонстрирани можностите на Škoda да комбинира одлична функционалност со поемотивен и поекспресивен дизајн. Оваа насока е логичен чекор напред во дизајнерскиот идентитет на брендот. Тој додаде дека потребен е поемотивен дизајн бидејќи сега е вистинското време да се постави јасна врска меѓу практичноста на Škoda и поекспресивниот дизајн, но сепак без тоа да влијае на најважните вредности на брендот. Според него, новата Fabia и покрај поемотивниот дизајн ги задржува практичноста, просторноста, функционалноста и економичноста.

skoda-fabia-rear

Во новата Fabia за прв пат во еден модел на Škoda ќе се нуди MirrorLink технологијата, која дозволува поврзување на паметен телефон со автомобилот. Понатаму, новата Fabia е до 17% поефикасна и ќе нуди технологии кои обично сме навикнати да ги очекуваме кај автомобили од повисоките класи. Kaban изјави дека додека го дизајнирале автомобилот, највеќе внимание било посветено на чистите и остри линии, а резултат на тоа е младо, свежо и модерно компактно возило кое благодарение на пониската и поширока каросерија сега изгледа подинамично и поспортски.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.