full screen background image
Search

Škoda внимателно ја најавува новата Fabia!

Третата генерација на популарната Fabia се очекува да биде официјално прикажана во текот на оваа седмица, но чешкиот огранок на Volkswagen групацијата веќе започна да открива некои детали.

Сега за сега, гледаме само некои детали од екстериерот кои веднаш нè потсетуваат на другите модели на Škoda. Сепак, уште од сега можеме да забележиме дека дизајнот е чист, со остри линии и токму онаков каков што и очекуваме од Škoda.

Веќе знаеме дека новата Fabia ќе се нуди со мноштво нови мотори и технологии, и сето тоа ќе го нуди по прифатлива цена. Сигурни сме дека Škoda ќе има уште еден вистински хит во своите раце.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.