Новата Skoda Fabia доаѓа со целосно нови бензински и дизел мотори! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Skoda Fabia доаѓа со целосно нови бензински и дизел мотори!

Наскоро ја очекуваме и официјалната премиера на новатa Skoda Fabia, а веќе е објавено дека ќе се нуди со четири бензински и три дизел мотори!

Благодарение на новата платформа и новите мотори, новата Fabia ќе биде нај-економичната Fabia досега – се најавуваат подобрувања и до 17 проценти, а новата Fabia ќе биде до 64 килограми полесна во однос на претходната – основната 1.0 MPI ќе тежи само 980 килограми! Ќе се нудат целосно нови мотори – и тоа четири бензински и три дизел мотори – и сите мотори ги задоволуваат Euro 6 стандардите за емисија на издувни гасови.

Бензинските мотори се целосно нови, со 3 или 4 цилиндри. Најмалиот, 1-литарскиот MPI со три цилиндри има директно вбризгување, додека верзиите со четири цилиндри се турбо-полнети со Stratified Injection (TSI) технологија и се со капацитет од 1.2 литри. Тие што ќе одберат бензинец можат да очекуваат моќност од 60 па сè до 110 коњски сили.

Во понудата на дизел мотори ќе се најде 3-цилиндерскиот 1.4 TDI со алуминиумски блок кој ќе нуди три нивоа на моќност – 75 коњски сили, 90 коњски сили и 105 коњски сили. Сите мотори ќе бидат опремен со старт-стоп систем, а ќе може да се нарача мануелен или DSG менувач.

Кон крајот на следната година, Skoda ќе го лансира и најекономичниот модел на Fabia – моделот  GreenLine. Оваа верзија ќе има 1.4-литарски TDI мотор со 75 коњски сили, старт-стоп систем, систем за рекуперација на кинетичката енергија, гуми оптимизирани за низок отпор на движење и подобрувања на аеродинамиката на возилото. Сите овие модификации ќе резултираат со потрошувачка од само 3.1 литар дизел гориво на 100 изминати километри, и емисија на CO2 од само 82 грама на изминат километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.