full screen background image
Search

2.35 милиони евра ви горат дупка во џебот? Тука е Bugatti Veyron Ettore Bugatti специјалната едиција!

Bugatti ја завршува својата „Les Légendes de Bugatti“ серија на специјални едиции со шесттата и финална верзија, посветена токму на основачот на компанијата – Ettore Bugatti.

Како и претходните 5 специјални верзии кои беа дел од оваа колекција, автомобилот е базиран на Grand Sport Vitesse и ќе биде произведен во само три примероци. Секој примерок ќе чини стратосферски 2.35 милиони евра! Очигледно од Bugatti решиле најдоброто да го чуваат токму за крајот и за својот основач – Ettore Arco Isidoro Bugati. На автомобилот низ совршено нанесениот лак се гледа каросеријата изработена од карбон и рачно-полиран алуминиум која всушост оддава почит на Type 41 Royale од сега веќе далечната 1932-ра година. Секако, специјалната едиција не би била таква ако нема и уникатни тркала кои се сечени со дијаманти за да се добие максимална прецизоност на изработката.

За прв пат, Bugatti користи два типа на кожа во внатрешноста, каде се забележуваат детали од карбон, како и гравираниот играчки  слон кој е обложен во алуминиум – уште еден детал посветен на Type 41. Оваа фигура беше оригинално направена од братот на Etorre – Rembrandt Bugatti и може да се види и на другите специјални едиции. Премиерата на Bugatti Veyron Ettore Bugatti е закажана за 15ти Август на Pebble Beach, каде ќе бидат изложени и другите специјални модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.