full screen background image
Search

Audi S1 ABT – Улично ѕверче со 310 коњски сили!

Доколку сметате дека 230 коњски сили кои се нудат кај малиот Audi S1 Quattro не се доволни, тука се тјунерите од ABT кои дискретно ќе ја зголемат таа бројка – на 310 коњски сили!

Пакетот кој тјунерите на ABT го имаат подготвено за Audi S1 Quattro ја подига моќноста на малото ѕверче од 23о на 310 коњски сили. Истовремено, и вртежниот момент „подрипнува“ од 370 на 440 Nm. За жал, од германската тјунерска куќа не објавуваат какви се перформансите на овој автомобил, но сигурни сме дека благодарение на Quattro погонот, тие воопшто нема да бидат за потценување – стандардниот модел забрзува од 0 до 100 километри на час за само 5.8 секунди!

Покрај подобрувањата на моторот, ABT нуди и пакет за суспензијата кој ја го приближува Audi S1 дополнителни 30 милиметри до подлогата. Има и додатоци во браниците, нови патосници и ново осветлување во ентериерот. Тука се и 18-инчните ABT фелни кои можете да ги добиете во две бои. Интересен пакет, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.