full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претстави блиндираниот S600 Guard – Заштита без компромис!

Новиот, блиндиран S600 Guard ги задоволува највисоките стандарди за безбедност кои треба ваквите возила да ги исполнат – а ние само можеме да кажеме дека се надеваме дека нема никогаш да ни притребаат!

Големата луксузна лимузина ги задоволува највисоките стандарди на балистичка заштита која постои – VR9 – по површината на целиот автомобил, а има и дополнителни зајакнувања на основната структура. Според Mercedes-Benz, заштитни компоненти се интегрирани во празнините меѓу шасијата и каросеријата, а специјални компоненти нудат дополнителна заштита од ситни парченца. Стаклените површини (кои се најнебезбедни кај блиндираните возила) се обложени со специјален поликарбонат како дополнително би се зацврстиле. Долниот дел од автомобилот е скоро целосно покриен со дополнително зајакнување и заштита.

S600 Guard покрај заштитата од балистичко оружје, нуди и заштита од експлозивни направи. Сепак, најважното е што S600 Guard изгледа идентично како и обичниот S600 (ако може да се нарече обичен). Ќе се нуди со 4 или 5 седишта, и има багажен простор од 350 литри. Задолжен за перформансите е истиот 6-литарски би-турбо V12 мотор кој испорачува 523 коњски сили и 830 Nm вртежен момент. Нема информации за забрзувањето (со оглед на зголемената тежина) но од Mercedes-Benz објавуваат дека максималната брзина е ограничена на 210 километри на час.

Автомобилот е поставен на дополнително зајкната Airmatic суспензија и адаптиран софтвер. Кочниците се поголеми а автомобилот доаѓа опремен со Michelin PAX гуми кои можат да функционираат и дупнати, а има и специјален систем за следење на притисокот кој дозволува бегање од опасна зона за 30 километри, дури и со оштетени гуми. Секако, вграден е противпожарен систем со автоматска активација, систем за филтрација на воздух, како и систем за хидраулично подигнување на тешките прозорци.

Поврзано:   Обраќање на техничкиот директор на Мерцедес за ситуацијата во Ф1 за 2021 година

Цена? Не знаеме, ама сигурно е многу.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.