full screen background image
Search

Ford Racing го подготвува следниот Mustang RTR!

Тркачката дивизија на Ford ги објави првите детали околу следниот Mustang RTR кој треба да започне да се продава на почетокот на следната година!

Новиот Mustang RTR ќе биде базиран на сегашната, најнова генерација на Mustang, но ќе има дизајн кој ќе го издвојува од обичниот автомобил. Нова ќе биде маската на ладилникот со нови детали на предниот дел, како и нов дифузер со сплитери и централни отвори на задниот дел. Новиот Mustang RTR ќе се нуди стандардно со 300-коњскиот 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец, а опционално ќе може да се нарача и со 435-коњскиот 5-литарски V8 атмосферски бензинец.

mustang-rtr-2

Дрифт-возачот Vaughn Gittin Jr. изјави – „Mustang тимот на Ford навистина заврши неверојатна работа со новиот Mustang. RTR тимот и јас сме возбудени да работиме со толку добра платформа за следниот RTR. Без сомнение, перформансите и изгледот на новиот Mustang RTR ќе ги импресионира нашите купувачи и ќе ги одржи насмевките на нивните лица додека возат по улиците или полудуваат на тркачките патеки. Не можам да дочекам да го добијам мојот!“

Колку да ве потсетиме, Vaughn Gittin Jr. веќе е доволно познат по своите лудории.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.