full screen background image
Search

Jaguar ги открива мултимедијалните и безбедносни системи на новиот XE!

Продолжува внимателното откривање на новиот седан на Jaguar – моделот XE. Британскиот бренд откри дел од мултимедијалните и безбедносни системи кои ќе бидат дел од овој технолошки-напреден автомобил.

Автомобилот кој треба да биде ривал на BMW 3, Mercedes C-Class и Audi A4 навистина треба да биде исклучителен за да може да се бори со докажаните германски ривали. Затоа ќе добие целосно нов систем за информирање и забава кој се вика InControl, и ова ќе биде деби на овој систем во Jaguar. Системот е базиран околу 8-инчен дисплеј чувствителен на допир и ќе има специјални апликации, целосна интеграција со паметен телефон за iOS и Android уреди, како и можност за WiFi поврзување на разни уреди.

Возачот ќе  може да се врзе со возилото и од далеку, да ги отклучи и заклучи вратите, да го лоцира возилото на голем паркинг или да управува со клима-уредот. Исто така, XE ќе добие ласерски Head-up дисплеј – технологија што е вистински новитет во индустријата. Овој систем може да проектира информации на ветробранското стакло без никакви надворешни влијанија.

Има уште многу интересни технологии – како на пример технологија која автоматски ќе повика брза помош при случај на незгода, дури и ако телефон не е поврзан со автомобилот, или пак технологија која автоматски се активира ако возилото е украдено, за да може полесно да биде лоцирано. Погледнете!

jaguar-xe-infotainment-screenshot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.