full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Веселата дрифтерска Castrol дружина!

Производителот на моторни масла Castrol објави ново промотивно видео исполнето со возбудливи ноќни автомобилски акробации.

Видеото ‘Blackout’ содржи брзи автомобили водени од стотици светилки и професионални тркачки возачи. Тука се Кен Блок и неговите колеги Мајк Рокенфелер со Audi R8, Аугусто Фарфус со новото BMW M4 и Адријан Зауг позади воланот на Lamborghini Aventador. Исто како и секое видео со Кен Блок, очекувајте скокови, пролизгувања и забавени снимки збогатени со осветлување како во дискотека.

Доколку имате епилепсија, прескокнете го видеото, но во секој друг случај уживајте во него!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.