НАЈАВА: Меѓународна изложба на автомобили во Гевгелија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

НАЈАВА: Меѓународна изложба на автомобили во Гевгелија!

На почетокот на следниот месец во Гевгелија се организира голема меѓународна изложба на автомобили – ако имате интересен или несекојдневен автомобил, пријавете го веднаш!

На 8-ми Јуни оваа година во Гевгелија ќе се организира и одржи меѓународна изложба на автомобили. Локацијата на оваа изложба ќе биде поранешниот царински терминал во Гевгелија. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер, и учесниците ќе имаат можност да ги покажат своите автомобили и да се натпреваруваат во различни категории, и тоа: Old timers, Young timers, Tuning cars, Sound quality и Luxury cars.

Изложбата ќе биде збогатена со презентации од неколку познати брендови кои ќе ги имаат изложено своите производи и услуги.

Пријавувањето е сè уште отворено – и можете да се пријавите преку e-mail: tuningshowgevgelija@yahoo.com. Од организацијата напоменуваат дека при пријавување на вашите автомобили задолжително е да испратите фотографија од истиот, но и негови спецификации за да може полесно да биде подреден во соодветната категорија.

Секако, учеството на оваа изложба е бесплатно. CARclub сигурно ќе биде таму, а ви препорачуваме и вие да го посетите овој настан. Повеќе информации можете на најдете на Facebook.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.