Jaguar го најави новиот XE спортски седан во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar го најави новиот XE спортски седан во Женева

Британскиот производител објави информации за претстојниот седан од D-сегментот кој ќе биде конкурент на Серија 3 од BMW.

XE ќе биде првиот сериски модел кој ќе вози на ново развиената алуминиумска платформа врз која е поставен концептот C-X17, a исто така ќе може да се пофали како прв автомобил со алуминиумска монокок шасија. Jaguar ќе го нуди седанот со нова серија на агрегати наречени Ingenium. Овие бензински и дизел мотори имаат зафатнина од два литри и се опремени со турбополнач, а најштедливиот од нив ќе емитира под 100 грама CO2 на изминат километар.

Понатаму ќе бидат понудени и посилни погонски единици кои ќе бидат способни да постигнат максимална брзина од над 300 км/ч и ќе му помогнат на моделот да им се спротивстави на BMW M3 и претстојната  AMG изведба од новата C-класа на Mercedes-Benz.

Сериската изведба на Jaguar XE ќе биде претставена при крајот на годинава, а неговата продажба ќе започне на средината од наредната година. Се очекува подоцна да се појават негови купе, кабриолет и каравански верзии.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.