Покрај новите Audi TT и TTS, луѓето од Инголштад во Женева можат да се пофалат и со новиот TT Quattro Sport Concept кој нуди дури 420 коњски сили!
Интересно е што под поклопецот не се крие голем V6 или V8 мотор туку истиот турбо-бензинец кој се добива кај Golf GTI и Audi S3, овој пат „доработен“ да испорачува вкупно 420 коњски сили при 6700 вртежи и 450 Nm вртежен момент достапни од 2400 до 6300 вртежи!
Секако, концептот ја пренесува силата на сите четири тркала преку S-Tronic менувач со двојна спојка – Audi не би бил Audi доколку не понуди Quattro погон кај своите најмоќни концепти и возила. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 3.7 секунди – бројка која станува разбирлива кога ќе земеме во предвид дека автомобилот тежи само 1344 килограми!
Дополнително, инженерите на Audi поработеле на суспензијата и геометријата на автомобилот – концептот е пониско до подлогата и е 30 милиметри поширок од стандардното Audi TT. Со цел да се намали тежината многу од ентериерот е изваден, а додадени се спортски седишта. Сега за сега нема никакви планови за сериско производство на TT Quattro Sport, но според луѓето од Audi доколку тоа се случи автомобилот нема да биде замена за TT-RS.