Официјални фотографии од BMW M3 и M4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјални фотографии од BMW M3 и M4!

Пред само неколку часа „протекоа“ првите официјални фотографии од можеби најочекуваните автомобили од изминативе неколку месеци – новите BMW M3 и M4!

Штом се појавија официјалните фотографии, наскоро ги очекуваме сите официјални детали за новите BMW M3 и M4. Од фотографиите можеме да забележиме дека и двата автомобили имаат агресивни бодикитови и големи тркала, а дека под поклопецот на моторот се крие V6 турбо-мотор кој е со зафатнина од три литри и најверојатно ќе испорачува околу 430 коњски сили и повеќе од 500 Nm вртежен момент.

bmw-m4

M3 е моделот со четири врати, додека М4 е моделот со две врати, изграден врз основата на тековната Серија 4 на Баварскиот производител.

До овој момент не знаевме како ќе изгледа М3, додека М4 изгледа скоро идентично како M4 концептот претставен на Pebble Beach пред неколку месеци. Она што можеме да го кажеме е дека автомобилите изгледаат токму онака како што очекувавме – ниски, притаени до подлогата и со суптилна агресивност. Не би можеле да одбереме фаворит, но малку повеќе сме наклонети кон верзијата со четири врати – М3 – заради практичноста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.