Citroen Racing најавува сериозен атак кон титулата следната сезона – за тимот ќе возат докажани и талентирани возачи!
„Членовите на тимот се избрани да бидат во согласност со нашите амбиции“ – изјави Yves Matton, директорот на Citroen Racing. Според него, подемот на кариерите на Kris Meeke и Mads Ostberg е по сосем различни патишта, но обајцата се на работ на највисоката класа на возач во Светскиот Рели Шампионат. Целта на тимот ќе биде да им помогне да се подобрат и да станат вистински претенденти кон титулата.
Citroen Racing е успешен тим – тие освоија осум титули помеѓу 2003 и 2012 – и тимот повторно сака да се врати на самиот врв на WRC. Kris Meeke доаѓа од Junior WRC и веќе имаше две појавувања во WRC шампионатот минатата година зад воланот на DS3 WRC. Следната година тој веќе целата сезона ќе ја помине зад воланот на DS3 WRC и ќе биде првиот Британски возач кој ќе вози цела сезона од 2003-тата година – последен возач со Британско потекло кој возеше цела сезона е легендарниот Colin McRae.
Mads Ostberg кој има 26 години веќе учествуваше во 65 различни WRC настани а првата победа ја освои во 2012 во Португалија. Тој изјави дека е среќен што се приклучува кон Citroen Racing и дека е остварување на сонот да се вози за тим кој има нанижано толку успеси.
Khalid Al Qassimi ќе вози само во Шведска, Португалија, Италија и Шпанија бидејќи тој истовремено ќе се концентрира на учествувањето во Middle East Rally Championship.