full screen background image
Search

Премиера: BMW M4 Concept на Pebble Beach

Германскиот производител го прикажа изгледот на новиот M4 Coupe во Монтереј, Калифорнија, преку фасцинантен концептен автомобил.

Концептот кој е изложен викендов на Pebble Beach, претставува прекрасна дизајнерска студија и изгледа уште поатрактивно од она што можевме да го видиме на официјалните фотографии. Автомобилот се разликува од стандардната Серија 4 со поголеми отвори за водух на предниот дел, нови браник, карбонски сплитер и покрив, црна решетка на бубрезите, проширени странични крила со отвори за воздух, испакнат поклопец на моторот, како и 20-инчни алуминиумски фелни.

BMW M4 Concept ©BMW 052

Баварците не објавија новости за техничкиот дел од автомобилот, но сепак, на интернет се појавија прилично детални информации.

Претходно BMW потврдија дека новиот М4 ќе биде погонуван од 3.0-литарски линиски поставен шест-цилиндарски твин-турбо бензински агрегат, наместо V8 конфигурација како неговиот претходник M3 Coupe. Сепак, наместо 450 кс и 550 Nm како што беше објавено, серискиот M4 ќе располага со 422 кс кои ќе бидат достапни помеѓу 5,400 и 7,000 вртежи, како и 540 Nm на располагање помеѓу 1900 и 5400 вртежи во минута, испорачани кон задните тркала преку шест-степен менувач.

BMW M4 Concept ©BMW 048

Овие бројки ќе му овозможат на автомобилот тежок 1494 кг забрзување од место до 100 км/ч за 4.4 секунди, кон стандардната електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч и опционалната од 280 км/ч. М4 ќе биде поставен на тркала со димензии 255/35/R19 напред и 275/35/R19 позади. Како и секогаш, Баварците не заборавиле да посветат вниманите на потрошувачката која ќе изнесува просечно 9.5 литри на 100 км.

Серискиот M4 Coupe ќе дебитира за еден месец на автомобилскиот саем во Франфурт, а ќе се продава по цена од околу 70,000 евра.

Поврзано:   Спортскиот 128ti е изложен во салонот на BMW!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.