Вечерно Кино: Gymkhana 6 од друг агол! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Gymkhana 6 од друг агол!

Кен Блок и GoPro објавија ново видео од шесттата Gymkhana атракција, подеднакво импресивно како и оригиналното!

Благодарение на користењето на голем број GoPro камери, тие уловиле повеќе спектакуларни снимки одколку што можеле да искористат во само едно видео. Доколку се прашуваме ние, добредојдено би било и трето видео! Ова е поинакво искуство за гледање на моќната Ford Fiesta како пролизгува покрај многуте препреки на патекатa, го испишува асвалтот со трагите од гумите и остава облаци од чад позади неа.

Погледнете го неговото спектакуларно возење по кое ќе се чувствувате како да сте биле токму во центарот на акцијата, и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.