Volkswagen Twin up! – Автомобилот кој троши само 1.1 литар гориво на 100 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Twin up! – Автомобилот кој троши само 1.1 литар гориво на 100 километри!

Концептот кој е опремен со plug-in хибриден систем има неверојатно ниска просечна потрошувачка од 1.1 литри на 100 изминати km.

Twin up! кoнцепт автомобил кој за прв пат се појавува на најважниот автомобилски саем во Азија – саемот во Токио – а возилото е всушност Plug- in хибридна верзија на успешниот градски специјалист up! Автомобилот со четири седишта споделува дизел мотор, електрични мотор и двојна спојка (DSG) со најекономичниот автомобил во светот – XL1.

Die neue Volkswagen Studie twin up

Погонскиот систем е поставен во предниот дел на Twin up!. Системот има моќност од 55 kW, со 0,8 литарски TDI мотор со 35 kW, електричен мотор со 35 kW и 7 – степен DSG менувач. Резервоарот се наоѓа во задниот дел, има капацитет од 33 литри, а е поставен под задната клупа и багажниот простор: литиум јонската батерија има капацитет од 8,6 kWh, а тука е и батеријата со 12V за електричниот систем на возилото. Тоа му овозможува на концепт автомобилот да има просечна потрошувачка на гориво од 1,1 l/100 km (според NEDC) и емисија на СО2 од екстремно ниски 27 g на изминат километар.

Die neue Volkswagen Studie twin up

Без емисија на СО2 Twin up! има опсег од 50 km и забрзува до 60 km/h за само 8,8 секунди, максималната брзина со електричен погон изнесува 125 km/h. Со Plug-in хибридниот системот автомобилот ја достигнува максималната брзина од 140 km / h а во исто време обезбедува висок вртежен момент за вака мал автомобил – дури 215 Nm.

Возачот на Twin up! сам одлучува на каков погон ќе биде придвижувано неговото возило. Изборот се прави со едноставно притискање на копче.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.